Поврзете се со нас

Англија

Ретклиф откри каква била реакцијата на Фергусон кога дознал дека ќе биде тргнат од платниот список на Јунајтед

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Ексклузивното интервју за Сер Џим Ретклиф за „Би-Би-Си“ стана најсподелувано во Британија поради сите теми кои ги опфати косопственикот на Манчестер Јунајтед, не само за актуелните случувања и плановите кои ги има со „црвените ѓаволи“, туку и за некои тешки одлуки кои мораше да ги носи изминатава година.

Реткли презема оперативна одговорност во англискиот великан и вети дека ќе го врати клубот на вистинскиот пат, но во обид да внесе потребна финансиска стабилност и одржливост на клубот, кратеше и низа непотребни трошоци.

На листата на прекубројни давачки се најде и легендарниот Сер Алекс Фергусон, кој после долго време беше тргнат од платниот список на клубот и остана без своите 2 милиони фунти.

Ретклиф во интервјуто за „Би-Би-Си“ открива како течел неговиот разговор со Фергусон на оваа тема, при што и обелодени на јавноста каква човечка величина е Сер Алекс.

– Јас му симнувам капа на Сер Алекс. Седнав заедно со него и зборувавме отворено, бевме само ние двајца во просторијата. Му порачав дека клубот не е во состојба во каква што мисли дека е, му објаснив дека повеќе троши отколку што добива и дека ќе влеземе во големи проблеми. Бев искрен и му реков дека не сме во состојба да си дозволиме да го плаќаме 2 милиони фунти годишно.

– Му реков дека оставам на него, му реков да размисли за тоа….. Се однесуваше како многу зрел човек, иако беше и пргав на почетокот. Сфати за каква ситуација станува збор, после три дена се врати и ми порача дека се откажува од платата, дека тоа е негова одлука. Мислам дека тоа најдобро отсликува каков човек е Алекс, тој го стави клубот пред себе, – открива Ретклиф.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни