Поврзете се со нас

Англија

Ретклиф не исклучува сензационално враќање на „лошото момче“

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Целосната документација меѓу Глејзерови и ИНЕОС беше официјално завршена и разменета во текот на вчерашниот ден, по што Џим Ретклиф и дефинитивно стана нов косопственик на Манчестер Јунајтед.

Познатиот британски бизнисмен купи нешто повеќе од четвртина од акциите на англискиот великан и ќе добие шанса да се погрижи за спортскиот проект во иднина, па веќе денеска одработи низа интервјуа за англиските медиуми и говореше за целта која ќе ја има на „Олд Трафорд“.

Ретклиф потенцира дека ќе се обиде да го врати клубот на патеките на кои беше поставен од Сер Алекс Фергусон, но од обраќањата, интересен е ставот кој го има за фудбалерот кој беше ослободен од Јунајтед со статус дека го нарушува угледот на клубот.

Новиот косопствениот најави можност за сензационален кам-бек на Мејсон Гринвуд, односно ја отвори вратата за негово враќања по позајмицата во Хетафе.

– Ќе мора да донесеме нова и свежа одлука за Гринвуд. Немаме донесено одлука со новата структура која ќе ја има клубот. Тој во моментов е на позајмица, но не е единствениот статус кој треба да го решиме. Имаме уште еден или двајца фудбалери за кои треба да донесеме одлука, на еден или друг начин.

– Планот е да ги земеме во предвид фактите, нема да бидеме понесени од возбудата. Ќе се обидеме да донесеме фер одлука базирајќи се на вредностите, ќе одлучиме дали тој може да игра претставително за Јунајтед, но ќе земеме во предвид и дали фановите ќе бидат комотни со тоа, – вели Ретклиф.

Гринвуд има важечки договор со Јунајтед до 2025-та година, а со оглед на добрите претстави кои ги нуди во Англија, фановите на Јунајтед се почесто пишуваат дека тој треба да добие и втора шанса.

Мејсон беше суспендиран на неодредено време поради обвиненијата за силување, но откако истите беа повлечени, клубот го испрати на позајмица во шпанскиот клуб.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни