Поврзете се со нас

Англија

Ретклиф ќе ја менува стратегијата на Јунајтед: Нема да купуваме ѕвезди како Белингам и Мбапе!

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Џим Ретклиф официјално купи дел од акциите на Манчестер Јунајтен и неговиот ИНЕОС стана косопствениот на клубот, но што е најважно, новиот газда доби шанса да управува со спортскиот проект во наредните неколку години.

Познатиот британски бизнисмен веќе ангажираше две познати директорски имиња од Манчестер Сити (Омар Берада) и Њукасл (Дан Ашворт) и ја почна реконструкцијата со промени во хиерархијата, но во последното обраќање кое го имал во јавноста, косопственикот на клубот од „Олд Трафорд“ најавил дека не планира да се расфрла со пари какошто тоа се правеше во последните 10 години.

Ретклиф најавува дека нема да купува нови играчи по секоја цена, бидејќи поважно за него е да се направи вистинска трансфер стратегија со паметни луѓе, кои во иднина би препознале фудбалски потенцијали кои би прераснале во вистински ѕвезди во дресот на Манчестер.

– Џуд Белингам е фантастичен фудбалер, но нашиот фокус нема да биде на такви играчи. Не е решение да потрошите огромни пари на добри играчи. Мислам дека тоа го правеше клубот во изминатите 10 години, се потрошија многу пари, но ефектот не е посакуван.

– Првата работа која треба да ја направиме е да поставиме вистински луѓе на клучни позиции во менаџирањето и во организирањето на клубот. Така ќе бидеме сигурни дека можеме да имаме добра регрутација и добар план. Клучна работа во фудбалот е да ги имате вистинските луѓе крај себе. Попрво би го пронашол следниот Мбапе, отколку да потрошам цело богатство за да купам успех. Не е баш паметно да одиете и да го купите Мбапе, на секој може да му текне тоа во оваа фаза. Поголем предизвик за мене е да го пронајдеме новиот Мбапе, следниот Белингам, следниот Рој Кин, – вели Ретклиф.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни