Англија
Ретклиф „испука“ без влакна на јазикот и го впери прстот: Имаме недоволно добри и преплатени играчи во Јунајтед!

Сер Џим Ретклиф пред една година ги презема оперативните одговорности во Манчестер Јунајтед и оттогаш ги води најважните операции на клубот, но ако се гледа и суди реално, фудбалскиот великан од „Олд Трафорд“ не забележа никаков напредок под негово водство.
Ретклиф како еден од косопствениците на клубот ја ужива довербата да го води оперативниот дел, па во изминатата година, носеше и доста непопуларни одлуки кои направија фановите да се прашуваат дали тој е вистинскиот избор за прв човек на клубот.
Познатиот британски бизнисмен отпуши околу 500 вработени во клубот, ги зголеми цените на билетите и го отпушти Сер Алекс Фергусон кој имаше улога на почесен амбасадор, па сега во ексклузивното интервју за „Би-Би-Си“, вели дека го направил тоа за да спречи вистински финансиски колапс на клубот до крајот на 2025-та година.
Ретклиф тврди дека актуелната гарнитура трпи последици од сите лоши одлуки кои се носеле во минатото, а тука во прв план се фудбалери кои не се доволно добри, а има и такви кои според него се преплатени како Санчо, Касемиро, Хојлунд, Онана и Антони.
– Претстојново лето ние ќе „купуваме“ фудбалери кои не се купени од нас, но за кои ќе мора да плаќаме пари. Тоа се Антони, Касемиро, Онана, Хојлунд и Санчо. Тоа се операции од минатото, но ние сме должни да ги плаќаме ратите од нивните трансфери. Без оглед дали ни се допаѓа тоа, или не, ние мора да извршиме исплата. Ги наследивме овие играчи и мора да најдеме решение. За Санчо, играч кој оваа сезона настапува во Челси, претстојново лето ќе треба да исплатиме 17 милиони фунти на Борусија Дортмунд. Мора прво да се оддалечиме од минатото, а дури потоа да мислиме на иднината.
– Имаме играчи кои не се доволно добри, а има и такви кои се преплатени. Затоа ќе ни биде потребно време за да ја обликуваме работната сила за која сме целосно одговорни како клуб. Сега сме во период на трансформација во кој од минатото одиме кон иднината. Има и одлични играчи во составот, нашиот капитен е извонреден фудбалер. Дефинитивно ни треба играч како Бруно, тој е фантастичен во секоја смисла, – вели Ретклиф во дел од долгото интервју за „Би-Би-Си“.
-
Репрезентација22 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Светски првенства23 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Шпанија14 часа
Лопетеги не се кае: Повторно би ја прифатил понудата од Реал, совеста…
-
Светски првенства10 часа
Велшаните критикуваа, Белами врати: Се надевам ќе му подигнат статуа!
-
Светски првенства13 часа
Бразилците пропаднаа на „Монументал“, Аргентина обезбеди билет за СП (ВИДЕО)
-
АТП13 часа
Музети тргна моќно, па беше разбиен од Ѓоковиќ во Мајами (ВИДЕО)
-
Репрезентација22 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…
-
Светски првенства12 часа
Белами: Очекував повеќе од Македонија, заслуживме да победиме!