Поврзете се со нас

Англија

Ретклиф испрати порака за иднината на Аморим во Јунајтед: Ако го погледнам составот…

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Косопственикот на Манчестер Јунајтед, Сер Џим Ретклиф испрати јасна и директна порака за иднината на менаџерот Рубен Аморим на „Олд Трафорд“.

Португалецот беше дочекан со големи очекувања во месец ноември, но екипата под негово водство не се прослави и доби само 11 од 26 натпревари, па веќе се појавија информации дека може и да биде заменет на крајот на сезоната.

Меѓутоа Ретклиф има апсолутна доверба во стратегот и ако си остане на зборот тогаш сегашниот предводник ќе биде уште долго време на клупата на премиерлигашот.

-Ако навистина го погледнам составот што му е на располагање на Рубен, мислам дека тој прави навистина добра работа да бидам искрен. Мислам дека Рубен е извонреден млад менаџер. Навистина го правам тоа. Тој е одличен менаџер и мислам дека ќе биде тука долго време, -порача Џим во интервјуто за „Би-Би-Си“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни