Поврзете се со нас

Англија

Ретклиф инвестирал дополнителна сума и добил повеќе акции во Манчестер Јунајтед

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/INEOS

Џим Ретклиф го презема спортскиот дел и носењето одлуки во Манчестер Јунајтед, но истовремено се обидува да го зголеми и бројот на акции во англискиот клуб.

Медиумите потврдија дека една година по влегувањето во сопственичката структура на великанот, Ретклиф инвестирал уште 79 милиони фунти во клубот, со што го зголемил и уделот на акции.

Со новата инвестиција, Ретклиф стигнал од 27,7 до 28,9% од акциите на клубот, а истите се префрлени на име на неговата компанија „ИНЕОС“.

Најавите се дека свежите пари кои влегле во клупската каса ќе бидат искористени за инфраструктурни зафати и подобрувања, односно нема реално да влијаат на трансфер опциите на Манчестер Јунајтед.

Очекувањата се дека буџетот за засилувања во јануари ќе биде минимален, а промени може да има само со продажба на одредени фудбалери.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни