Англија
Ретклиф именуваше менаџер кој не требал да го води Јунајтед: Манчестер спадна од Фергусон на…….

Сер Џим Ретклиф предизивка вистинска турбуленција во јавноста со ексклузивното интервју кое го имаше за „Би-Би-Си“ на почетокот на оваа седмица, но откако го впери прстот кон дел од актуелните играчи од првиот тим, сега во разговорот за „Тајмс“ доведе во прашања и некои одлуки на претходните раководства.
Косопственикот на Манчестер Јунајтед е свесен дека клубот донел низа погрешни одлуки во изминатите 12 години, но според него, првата голема грешка била направена по заминувањето на Сер Алекс Фергусон.
Британскиот бизнисмен верува дека Дејвид Мојс во ниту еден момент не ги исполнувал критериумите на Манчестер Јунајтед, иако за јавноста добро познато е дека тој беше предложен и препорачан токму од неповторливиот Ферги.
– Ми се допаѓа Дејвид Мојс и сметам дека е добар менаџер, но да спаднете од Сер Алекс Фергусон на Дејвид Мојс….. Тоа е нешто што јас не би го направил……
– Мојс пристигна за да влезе во чевлите на Фергусон, човек кој 13 пати ја освои Премиер лигата, тренер кој двапати славеше и во Лигата на шампиони. Јунајтед реши тие обврски да му ги предаде на човек кој никогаш немаше тренирано големи играчи во својот живот, а кој воедно немаше освоено ништо големо.
– Сметам дека тој немаше карактер за да застане пред такви големи играчи, не сум сигурен дека Реал Мадрид би донел одлука каква што донесе Манчестер Јунајтед за наследник на Фергусон. Клуб секогаш мора да има добар тренер и добар оперативец, а Јунајтед како најголем клуб во светот мора да ги има најдобрите. Наместо да го добијат најдоброто, Јунајтед донесе две погрешни одлуки по заминувањето на Ферги, – потенцира Ретклиф.
-
Шпанија12 часа
Барселона излезе со соопштение за повредата на Левандовски, познато е на кои натпревари сигурно нема да игра (Фото)
-
Англија15 часа
Ѕвезда на Астон Вила: Бев бесен за минутажата против ПСЖ и му го кажав тоа на Емери
-
Шпанија17 часа
Барселона му фати голем сеир на Реал по неверојатниот пресврт против Селта Виго (Фото)
-
Европски купови5 часа
Алкалоид го „тресна“ Рунар и си го отвори патот кон финалето на Европскиот Куп
-
Лига на шампиони16 часа
Фердинанд типуваше кои два тима ќе играат во финалето во Минхен и го потврди својот јасен фаворит за трофејот во ЛШ
-
Англија8 часа
Сарабија со мајсторија донесе историја за Вулвс на „Олд Трафорд“, Арсенал и Челси остварија победи на гостински терен (Видео)
-
Шпанија12 часа
Ансу Фати долго се загреваше, па целосно „експлодираше“ откако беше вратен на клупата за резерви (Видео)
-
НБА16 часа
Минесота направи „брејк“ во Ел-Еј, Детроит не успеа да го изненади Њујорк