Поврзете се со нас

Англија

Ретклиф има рок до понеделник, Манчестер Јунајтед под закана да остане без Лига Европа

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/INEOS

Компанијата „Инеос“ до понеделник треба да најде решение за актуелната сопственичка структура во Манчестер Јунајтед и Ница, а во спротивно премиерлигашот ќе остане без своето место во Лига Европа.

Гигантот предводен од Џим Ретклиф од неодамна има нешто повеќе од 27 проценти од акциите на Јунајтед, па го активираше „алармот“ во УЕФА поврзан со строгото правило за поседување на повеќе европски клубови кои треба да играат во исто натпреварување.

И покрај тоа што Ретклиф нема мнозинство акции во Јунајтед, во неговиот пакет е вклучено и преземање на контролата врз фудбалските операции, што значи дека тој и неговите соработници одлучуваат за директорските позиции и се што е поврзано за сите категории на Манчестер Јунајтед.

– Свесни сме за позициите на двата клуба и имаме директен дијалог со УЕФА. Сигурни сме дека ќе најдеме решение за следната европска сезона, – стои во соопштението на „Инеос“.

Ако не биде пронајдено решение, Јунајтед ќе треба да игра во Конференциската лига, бидејќи има послаб пласман во домашното првенство во споредба со Ница, па францускиот клуб би се натпреварувал во Лига Европа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни