Поврзете се со нас

Англија

Ретклиф донесе уште една непопуларна одлука: Целта е да се подобри финансиската одржливост на клубот (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Сер Џим Ретклиф донесе низа непопуларни одлуки откако се задолжи да го води оперативниот проект на Манчестер Јунајтед, а еден од косопствениците на клубот сега продолжува со ист тренд во обид да го трансформира и консолидира клубот на финансиски план.

Зголемените цени на билетите, отпуштените 250 вработени и укинатата плата за неповторливиот Сер Алекс Фергусон беа само дел од драстичните мерки кои беа преземени од Ретклиф во првата година од владеењето на „Олд Трафорд“, а сега и втората ја почнува со голем рез во структурна смисла.

Манчестер Јунајтед со официјално соопштение потврди дека етапно ќе бидат отпуштени уште 150 до 200 вработени во краток временски интервал, се со цел да се намалат непотребните трошоци и да се подобри финансиската одржливост на клубот.

Во соопштението се вели дека за да се подобри оперативната ефикасност на највисоко ниво, потребно е да се носат и вакви тешки одлуки, особено откако во клубот е донесен јасен план за трансформација за враќање на профитабилност на „Олд Трафорд“.

Манчестер Јунајтед работи со загуби од 2019-та година наваму, па со оваа мерка треба да се создаде поцврста финансиска платформа со која клубот ќе може да инвестира во машкиот и во женскиот тим, но и во инфраструктурата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни