Поврзете се со нас

Шпанија

Решение за дилемата на Анчелоти: Големо изненадување на тренингот на Реал (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Карло Анчелоти имаше голема дилема во добар дел од сезоната и често ги ротираше Кепа Аризабалага и Лунин, но во последно време се повеќе доверба има во Украинецот.

Иако ја почна сезоната како резерва, Лунин го придоби Карло со своите сигурни изданија и направи засилувањето од Челси да се претвори во втор голман, но ова прашање доста брзо може да биде минато за италијанскиот стручњак и целиот негов стручен штаб.

Причина за тоа е добрата вест која пристигна од денешниот тренинг на Реал, од кој дел бил и играчот за кого се прогнозираше дека ќе биде во аут до крајот на сезоната.

Тибо Куртоа го скина предниот вкрстен лигамент и беше отпишан за цела сезона, па поради тоа и самиот се отпиша од претстојното Европско првенство кое ќе се игра во Германија. Сепак, рехабилитацијата во последно време се одвивала во крајно посакуван правец и Тибо направил неколку крупни чекори кон враќање на теренот, па сега прогнозите се подобри од онаа првичната.

Ако продолжи со ова темпо, Кутоа ќе продолжи да се појавува на тренинзите на Реал, а на Карло Анчелоти би можел да му се стави на располагање во месец април, фаза од сезоната во која Реал би требало да се бори за најважните трофеи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни