Поврзете се со нас

АТП

Реприза на епскиот меч од пред три години: Ѓоковиќ го доби ривалот во третото коло на Ролан Гарос

Објавено

на

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ дозна кој ќе му биде ривал во третото коло на Ролан Гарос.

Првиот носител денеска имаше сигурен настап против Роберто Карбалјес Баена и можеше мирно да види кој ќе му стои на патот од осминафиналето на турнирот во Париз. Тоа ќе биде 30. светски рекет Лоренцо Музети кој вечерва се справи со домашниот миленик, ветеранот Гаел Монфис на кого му одржа лекција во три сета.

Италијанецот славеше со 7:5, 6:1, 6:4 и со тоа се избори за шести дуел со Ѓоковиќ. Музети губи со 4-1 во пресметките со Новак, но знаел да одигра многу добро против големиот фаворит и сите љубители на тенисот сигурно го паметат нивниот дуел на Френч Опен пред три години кога Лоренцо водеше со 2-0 во сетови, но потоа го стигнаа проблемите и во петтиот решавачки сет одлучи да се повлече.

Единствената победа над Ѓоковиќ ја има забележано во Монте Карло минатата година кога славеше со 2-1 во сетови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни