Поврзете се со нас

Македонија

Репрезентативното крило го напушти Вардар за да игра како среден бек во Еурофарм Пелистер

Објавено

на

Димитар Димитриоски одлучи да ја промени клупската средина пред почетокот на новата натпреварувачка сезона, откако денес официјално стана познато дека го менува Скопје за Битола.

Македонскиот репрезентативец кој во Вардар играше како лево крило, се согласил да ја промени улогата на теренот пред да потпише за Еурофарм Пелистер, со тоа што тој ќе настапува за вториот тим на битолчани.

– Димитар Димитриоски потпиша за Еурофарм Пелистер 2. Македонскиот репрезентативец Димитар Димитриоски е нов член на Еурофарм Пелистер 2. Овој ракометар се обврза на договор на една сезона и веднаш ќе се приклучи на подготовките со своите нови соиграчи и стручниот штаб на чело со Александар Јовиќ.

– Димитриоски доаѓа во Битола од Вардар 1961, клуб со кој минатата сезона ја освои Суперлигата и Купот на Македонија. Во новата средина Димитриоски ќе ја смени и својата улога и ќе игра на позиција среден бек.

– 23-годишниот прилепчанец повеќе од пет години ги бранеше боите на клубот од Автокоманда. Прво настапуваше за Металург Јуниор, а три сезони беше дел од првиот тим на Металург, настапувајќи во Лигата на шампионите и СЕХА лигата. Клубот ќе го претстави Димитар Димитриоски во текот на неделата со церемонија во клупските простории, – гласи објавата на Еурофарм Пелистер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни