Поврзете се со нас

Македонија

Репрезентативно засилување за Шкендија: Стојановски нов напаѓач во тетовскиот тим

Објавено

на

Тоа што се шпекулираше низ тетовските кулоари денеска доби и официјална потврда, репрезентативниот напаѓач Влатко Стојановски е нов фудбалер на тимот на Шкендија.

Фудбалерот од офанзивата се согласи на договор со тимот од македонскиот шампионат откако не се наметна во тимот на Горица, каде играше изминатата сезона.

Од Шкендија предмалку потврдија дека фудбалерот успешно ги минал медицинските прегледи и дека е потпишан договорот за заедничка соработка.

Стојановски веќе е во Словенија со останатиот дел од тимот на Шкендија која во оваа земја се подготвува во пресрет на почетокот на новата сезона.

Новото засилување ќе дебитира во дресот на тетовскиот тим веќе во недела кога Шкендија ќе се соочи со балканскиот гигант, Динамо Загреб.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни