Поврзете се со нас

Свет

Репрезентативката Гичевска ќе го носи дресот на четирикратен француски шампион

Објавено

на

Македонската репрезентативка, Леонида Гичевска доби нов предизвик и во иднина ќе настапува во Франција.

Гичевска ја започна оваа сезона во Локомотива Загреб со која играше во Лигата на шампионите, но се отвори можност да замине во францускиот прволигаш Безансон, можност која веднаш беше прифатена. Четири кратниот француски шампион се соочи со повреди, па Леонида доаѓа како „медицински џокер“ и ќе остане во оваа средба најмалку до крајот на актуелнава кампања.

-Јас сум навистина среќна што дојдов во Безансон. Ова е клуб со долга и многу убава приказна! Мислам дека Безансон е клуб со големи цели. Клубот постојано игра добро француското првенство и во ЕХФ Европската лига. Од моја страна, задоволство е да се играм за Безанкон и да му помогнем на тимот најдобро што можам и да победуваме на натпреварите. Не можам да дочекам да ја започнам авантурата со овој тим, -истакна Гичевска која има претходно искуство од настапите во оваа земја, го знае јазикот и треба брзо да се адаптира во составот кој во моментов е на седмата позиција во домашниот шампионат.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни