Репрезентативецот во свој стил: Манасков со атрактивен гол ги крена на нозе навивачите на Веспрем (Видео)

deki sut

Македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков имаше значајна улога во денешната победа на Веспрем над ППД Загреб во СЕХА лигата. Летечкото крило постигна четири гола од пет обиди со што беше втор стрелец со својот тим зад Блаж Благотиншек и Мануел Штрлек со по пет погодоци.

Токму еден од тие голови на нашиот Деки беше вистинско ремек дело и се најде во центарот на вниманието, односно го одбележаа и луѓето од СЕХА. Македонецот во свој стил, атрактивно зад грб го матираше Ариан Јовиќ. Мајсторија!!!

Facebook Коментари