Репрезентативецот во елемент: Стојановски одличен во пресметката со Бешикташ

vojdan

Македонскиот репрезентативец, Војдан Стојановски се прикажа во одлично светло на денешното гостување на Бујукчекмече кај Бешикташ во турското првенство.

Бекот беше втор стрелец во својот табор зад капитенот Јилдизли (15 поени) со 14 поени, 4 скокови, 4 асистенции и 1 украдена топка, ама Бешикташ предводен од Кларк (16 поени, 10 скокови) не дозволи изненадување и издвојува триумф од 78-65.

Бујукчекмече по 15 одиграни рунди има учинок од 5 победи 10 порази што е доволно за 10 место на табелата.

Facebook Коментари