Поврзете се со нас

Балкан

Репрезентативецот Стојановски си оди од Ним и прави трансфер во стабилен хрватски тим

Објавено

на

Македонскиот репрезентативен напаѓач, Влатко Стојановски го раскина договорот со Ним и наскоро ќе има нова средина каде ќе се обиде да се наметне во нападот.

Нов клуб на Стојановски ќе биде Горица, барем такви се најавите од Хрватска од каде пишуваат дека тимот кој е меѓу најдобрите во хрватскиот шампионат сериозно запнал за ангажман на нашиот играч.

„Спортске Новости“ пишува дека Горица го сака 24 годишниот фудбалер, а трансферот требало да се реализира многу порано, меѓутоа играчот не можел да го договори раскинот со тимот на Ним.

Стојановски пред две години направи супер трансфер од Ренова директно во Ним, но никогаш не доби шанса да се докаже во најсилното француско првенство, а добиваше мала минутажа и лани кога беше пратен на позајмица во Шамбли.

Сега се очекува Стојановски да добива поголема минутажа во дресот на Горица и со тоа дополнително да се наметне и кај новиот селектор на репрезентацијата на Македонија, Благоја Милевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни