Поврзете се со нас

Балкан

Репрезентативецот Стојановски може да дебитира за новиот клуб претстојниот викенд

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец Влатко Стојановски е пред трансфер во редовите на хрватскиот прволигаш Горица и наскоро може да дебитира за оваа екипа.

Откако веќе се појавија информации дека Стојановски е во преговори со Горица, хрватски „Индекс“ денеска тврди дека се е договорено за трансферот кој ќе значи дека напаѓачот ќе се раздели со Ним.

Стојановски не доби сериозна шанса во францускиот клуб, а последната сезона ја мина на заем во второлигашот Шамбли, по што разделбата стана неминовна и потребна за Македонецот да добие шанса да се докажува во друга средина.

„Индекс“ најавува дека Горица брзо ќе ја среди документацијата за трансферот, па Стојановски ќе може да дебитира за хрватскиот тим уште на дербито со Хајдук, закажано за претстојната сабота.

Стојановски беше дел од нашиот национален тим, кој дебитираше на големите турнири на последното Европско првенство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни