Поврзете се со нас

Македонија

Репрезентативецот се враќа во Македонија: Талески ќе тресе мрежи за Вардар!

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Филип Талески по три години минати во Германија носејќи ги дресовите на Рајн-Некар Левен и Балинген се враќа дома и тоа во Вардар.

Левиот бек се договори со „црвено-црните“ и во наредната кампања ќе тресе мрежи за клубот од главниот град. Талески имаше повеќе опции на маса откако стана јасно дека приказната со Балинген е завршена за да на крајот пресече да се врати во Македонија и тоа во актуелниот европски шампион кој како што е познато ќе биде предводен од Михајло Михајловски.

Со ова најдобриот македонски клуб продолжи да го гради составот за наредната сезона, досега покрај 24-годишниот крушевчанец ангажирани се Томислав Јагуриновски, Дмитри Санталов и голманот Робин Кантегрел.

Воедно треба да се потенцира дека остануваат Стојанче Стоилов, Тимур Дибиров, Иван Чупиќ, Кристијан Дисингер, Борко Ристовски, Марко Мишевски, Марко Кизиќ, Глеб Калараш… што значи дека вардарци ќе имаат тим за почит, тим конкурентен за титули како на домашна така и меѓународна сцена.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни