Репрезентативецот Поповски потпиша за Пролет

popovski

Македонскиот репрезентативец, Мартин Поповски од денеска е нов член на составот на Тинекс Пролет.

Доскорешниот член на Вардар се договори со Пролет за соработка во текот на оваа натпреварувачка кампања со тоа што крилото ќе има можност да си замине ако на негова адреса простигне примамлива понуда од странство. Десното крило кое беше дел од составот на Вардар при освојувањето на двете титули во ЛШ ќе биде во комбинација за настап веќе на премиерниот натпревар од новата сезона во која Пролет е домаќин на Охрид.

Facebook Коментари