Поврзете се со нас

Македонија

Репрезентативецот Итан Хап направи трансфер во шпански великан (Фото)

Објавено

на

foto:twitter.com/GranCanariaCB

Македонскиот репрезентативец Итан Хап и официјално ја менува дестинацијата ова лето, но сепак останува во Шпанија и прави трансфер во доста позвучен и поголем клуб.

По одличните настапи за Гран Канарија, беше јасно дека Хап ќе направи следен чекор во својата кариера, па така во новата сезона ќе биде дел од поранешнит клуб на Нено Димитријевиќ.

208 сантиметри високиот Хап потпиша двегодишен договор со Валенсија и ќе биде големо засилување за шпанскиот великан, кој во новата сезона повторно ќе брка учество во Евролигата.

Валенсија ќе се натпреварува во Европкупот и ќе брка највисок пласман, бидејќи така сигурно ќе си обезбеди место меѓу европската елита.

Хап има 28 години и Валенсија го најави како огромно засилување, пред се поради бројките кои велат дека сезоната ја заврши со просек од 11,5поени, 5,5 скокови, 2 асистенции и 1,3 украдена топка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни