Поврзете се со нас

Балкан

Репрезентативецот има нов клуб: Тео Симиќ се договори со тимот на Бајиќ

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Теодор Симиќ ја заврши приказната со шпанскиот великан Барселона и отвара ново поглавје во својата кариера која ќе ја продолжи на Балканот.

Талентираниот центар е нов играч на босанскиот прволигаш и редовен член на АБА лигата Игокеа, тим кој го води доскорешниот македонски селектор Драган Бајиќ. Симиќ потпиша четиригодишен договор со составот од Лактиши со тоа што престојнава кампања ќе ја мине како позајмен играч во Борац од Бања Лука.

Тоа е екипа која игра во АБА2 лигата и Премиер лигата, па Тео ќе може да се стекне со искуство, да добие минутажа, напредува пред да заигра за Игокеа.

Симиќ-јуниор беше најдобриот играч во нашата селекција на првенството во Измир, имаше просек од 15.4 поени, 9.7 скока и едно успешно додавање на собирот на најдобрите јуниори во Европа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни