Поврзете се со нас

Свет

Репрезентативецот го реши клупското прашање: Ѓуроски се враќа во Шпанија (ВИДЕО)

Објавено

на

blank

Македонскиот репрезентативец, Стојан Ѓуроски го затвори клупското прашање за наредната сезона и тоа со ангажман во Шпанија.

Ѓуроски одново ќе игра на Пиринеите во втората лига и тоа во таборот на Аликанте, тим кој има амбиции да влезе во елитната конкуренција.

-Ѓуроски е крилен центар кој добро шутира, трча по теренот и има одлична техника со топката. Тој е идеален за нашиот стил на брза кошарка. Стојан воедно е играч кој е многу борбен, го дава максимумот за својот тим и ќе ни помогне, -изјави тренерот Педро Риверо.

Македонецот е четврто засилување за Аликанте, претходно беа ангажирани Мартинез, Уртасун и Билбао.

Ѓуроски претходно играше за Уеска и Мелилја во Шпанија што значи добро ја познава оваа средина и ќе може да си го врати високото ниво на игра.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни