Поврзете се со нас

Македонија

Репрезентативецот Ѓорѓиевски се договори со Академија Пандев

Објавено

на

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Марко Ѓорѓиевски е нов член на екипата на Академија Пандев.

Клубот од Струмица го потврди трансферот на напаѓачот кој минатата сезона ја мина во редовите на шампионот Шкупи каде на 26 натпревари во ПМФЛ даде 4 гола и запиша 7 асистенции.

Ова за 22-годишниот Марко ќе биде нов предизвик во Македонија каде претходно настапуваше и во Борец од Велес, а во својата досегашна кариера има играно и во Србија каде беше дел од Вождовац и Раднички Пирот.

Пандевци веќе ги започнаа подготовките за новата сезона во која ќе играат во КЛ на УЕФА, поточно во квалификациите каде за ривал ќе ја имаат Лехија Гданск од Полска.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни