Репрезентативецот е во топ форма: Спировски со ремек-дело ја најави победата на Хапоел (Видео)

stefan-spirovski

Хапоел Тел Авив влезе во посакуван ритам и ја врза четвртата победа во низа во домашниот шампионат, а денеска играч на мечот за домаќините беше македонскиот репрезентатвиец, Стефан Спировски.

Откако ја санираше незгодната повреда на коленото, Спировски полека се враќа во препознатливото ниво и се чини дека е во животна форма, а најдобар доказ за тоа се и головите кои ги постигнува во последно време. Денеска, Спировски постигна два гола во победата од 3:1 на неговиот тим, а посебно убав и импресивен беше првиот со кој го отвори резултатот.

 

Facebook Коментари