Репрезентативецот е во потрага по нов клуб: МЗТ и Мекиќ „раскинаа“

mekic

Македонскиот репрезентативец Адем Мекиќ повеќе не е член на шампионот МЗТ Скопје Аеродром.

Мекиќ и „штрковите“ раскинаа на барање на играчот кој сака да игра во клуб каде ќе има поголема минутажа. Бекот сезонава настапи на четири средби во сино-белиот дрес во АБА-лигата сезонава со просек од три поени за 17 минути кои ги минуваше на паркетот, додека пак во домашниот шампионат имаше просечен учинок од седум поени со 2,5 скокови.

Новиот клуб на Мекиќ најверојатно ќе биде Куманово. Пред неколку дена МЗТ го напуштија и талентираните Михајло Митев и Ранко Мамузиќ кои се преселија во Струмица односно Кожув.

Facebook Коментари