Поврзете се со нас

Балкан

Репрезентативецот Димоски ќе потпише за Партизан

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Бојан Димоски ќе ја промени клупската средина и ќе потпише за Партизан, пренесуваат медиумите кај нашиот северен сосед.

Според информациите на „Телеграф“, членот на Акрон Тољати од Русија ќе се пресели во Србија и тоа на позајмица до крајот на оваа сезона при што „црно-белите“ од Белград ќе имаат право да го откупат неговиот договор за сума од 200.000 евра.

Прилепчанецот во тековнава сезона одигра 14 натпревари за Акрон во првенството и Купот.

На сениорско ниво почна да игра за Вардар по што преку АП Брера стигна до Русија и сегашниот тим со кого е обврзан до 30 јуни 2026 година.

Партизан нема своја сезона и со 42 бода е на втората позиција на табелата, поточно има 19 помалку од лидерот Звезда.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни