Поврзете се со нас

Македонија

Репрезентативец на Тунис потпиша за Вардар: Многу сум горд и мотивиран, ова е историски тим!

Објавено

на

foto:www.facebook.com/rkvardar

Вардар 1961 веќе презема конкретни чекори и гради тим за новата сезона, па така денеска е официјализирано уште едно засилување и тоа репрезентативец на Тунис.

Имено нов член на „црвено-црните“ е Ашреф Маргели кој ја покрива десната бековска позиција. Тој доаѓа во Вардар од тимот на Есперанца, тим кој стана шампион на Тунис.

-Сакам да му се заблагодарам на Вардар што ми даде шанса да станам дел од историскиот тим во следната сезона. Многу сум горд и мотивиран и навистина со нетрпение очекувам да ги бранам боите на Вардар, и да му помогнам на клубот да ги постигне целите поставени за претстојната сезона.

-Исто така, би сакал да ја искористам предноста и да му се заблагодарам на господинот Борко Ристовски кој навистина направи одлична работа да ме донесе во Скопје и кој навистина дава се од себе за да го врати Вардар на местото каде што припаѓа: помеѓу најдобрите европски клубови. Ви благодарам за трудот, верувавте во мене и ми давате можност да го покажам најдоброто од мене, -порача Маргели за официјалнот сајт на клубот.

-Претходно беа договорени Дмитро Горига, Мигел Пинто и дефанзивецот Томче Стојановски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни