Поврзете се со нас

Свет

Репрезентативец на Јамајка побара дрес од Аргентина, Дибала и Лаутаро ги разочараа фановите со своето однесување (ВИДЕО)

Објавено

на

Аргентина пред неколку дена беше подобра од Јамајка со 3-0 на средбата која се одигра на „Ред Бул Арена“, средба на која се истакна Лионел Меси со два мајсторски погодоци.

Меси со два мајсторски гола ја потврди победата на Аргентина (ВИДЕО)

Од овој меч вирален стана и обидот на еден навивач да добие автограм од Лионел Меси за време на истиот, но до фановите допре и едно видео по кое големи критики заработија калчо ѕвездите во таборот на „гаучосите“, Лаутаро Мартинез и Пауло Мартинез.

Еден репрезентативец на Јамајка дојде и побара дрес од Аргентина, но одговорот беше негативен што секако беше големо разочарување. Му беше порачано дека нема дресови по што тој си замина, меѓутоа за фановите чудна е реацијата на Лаутаро и Пауло.

И тие како да беа изненадени, ама навивачите сметаат дека морале поинако да реагирале, нешто да проговорат со колегата, па и да му дадат друг дел од опремата како тренерка или слично.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни