Поврзете се со нас

Свет

Репрезентативец на Гана: Нејмар не е подобар од мене, тој е само…(ВИДЕО)

Објавено

на

Селекцијата на Гана денеска ќе го има првиот настап на Светското првенство и тоа против Португалија во Доха.

Таа средба е закажана за 17 часот, а во пресрет на истата во фокусот на вниманието е фудбалерот на Ајакс, Мохамед Кудус кој порача дека е на исто ниво со еден од најдобрите светски играчи, Нејмар.

-Нејмар? Тој не е подобар од мене. Тој е само попознат, тоа е се. Она што го прави подобар во моментов е фактот што постигна повеќе. Наскоро и јас ќе бидам на тоа ниво, -порача 22 годишниот Кудус за „Гардијан“.

Кудис од 2020 година е член на Ајакс, тим за кој има одлични настапи во актуелнава кампања.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни