Поврзете се со нас

Репрезентација

Репрезентативците се впуштија во акција за дуелите со Летонија и Фарски Острови (ФОТО)

Објавено

на

Македонската сениорска фудбалска репрезентација официјално ги започна подготовките за дуелите против Летонија и Фарски Острови во Лигата на нации.

Репрезентативците тренираа на тренинг комплексот на ФФМ „Петар Милошевски“, поточно означија старт на мисијата во која целта е да се освојат двете средби кои ги играме на домашен терен на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Прва на менито е Летонија која ја дочекуваме на 14 ноември од 20:45 часот, додека три дена подоцна во терминот од 15 часот ќе играме против Фарски Острови.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни