Поврзете се со нас

Репрезентација

Репрезентацијата пристигна во Бад Рагац, утре ќе го одработи единствениот тренинг во Вадуц (Видео)

Објавено

на

Македонската фудбалска репрезентација ова попладне отпатува за Швајцарија, а крајна дестинација на нашите репрезентативци беше Бад Рагац.

Оваа општина која е дел од кантонот Сент Гален е во непосредна близина на Вадуц, па како и многупати претходно, Македонија од тука ја стартува својата нова авантура против Лихтенштајн.

Македонија утре се очекува да го одработи единствениот тренинг во Вадуц во пресрет на пресметката која е закажана за в сабота, а за очекување е да видиме и обраќање на селекторот Благоја Милевски.

Пресметката со Лихтенштајн ќе биде прва за нас од новите квалификации за Светското првенство, кои потоа ги продолжуваме со натпревар на домашен терен.

Дуелот со Лихтенштајн се игра во сабота во 15:00 часот, а три дена подоцна го пречекуваме Велс во вечерниот термин во Скопје.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни