Репортерката сакаше да го бакне директорот на Валенсија, па беше засрамена пред ТВ екраните (Видео)

valensija-trofej

Освоениот трофеј по пауза од 11 години им донесе огромна радост на играчите на Валенсија која се очекува вечерва да кулминира на „Месталја“ каде ќе бидат пречекани шампионите во Копа дел Реј, но во меѓувреме апсолутен хит на социјалните мрежи во Шпанија стана едно видео од теренот на „Бенито Виламарин“.

Сите членови на првиот тим и на стручниот штаб на Марселино со голема еуфорија ја славеа победата над Барселона, а истото важеше и за генералниот директор Матеу Алемани кој беше еден од најприсебните и даде интервју уште од теренот. Директорот на Валенсија ја истакна вербата на одговорните луѓе во работата на Марселино кога ситуацијата беше далеку од идеална, но сепак многу поголемо внимание предизвика тоа што несакајќи ја „олади“ репортерката која учтиво сакаше да се поздрави со него со бакнеж на крајот од интервјуто. Наместо тоа, шпанската репортерка беше засрамена и брзо стана вирален хит на интернет.

Facebook Коментари