Поврзете се со нас

Македонија

Ренова дојде до важна победа во битката за опстанок

Објавено

на

Составот на Ренова славеше над Силекс со 2-1 во натпреварот со кој беше отворена 28. рунда во првата македонска фудбалска лига.

Домашниот тим постигна атрактивни погодици во првиот дел и тоа преку Шефити (12 минута) и Јусуфи (38 минута) и со предност од 2-0 замина на пауза. Овој резултат беше активен на семафорот се до 90 минута кога ново влезениот Галевски намали на 2-1.

Кратовци потоа тргнаа да дојдат и до бод, притиснаа кон голот на „гипсарите“, меѓутоа тој притисок не вроди со плод и со пораз го напуштаат Тетово.

Четата на Османи сега има 31 бод и е на 9 позиција на табелата, Силекс со 29 е на 10 место.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни