Македонија
Ренова доби официјален допис: Цел тим оди во задолжителен карантин
Ренова пред два дена соопшти дека неколку првотимци се заразени со вирусот КОВИД – 19 откако направените тестови покажале такви наоди, а ова попладне клубот од Џепчиште информираше дека цел тим и стручен штаб ќе мора да замине во карантин.
Комплеската ситуација ја усложнува ситуацијата во секој поглед, бидејќи Ренова нема да може да ги извршува редовните тренинзи, а фудбалската сезона се доведува во прашање откако препораките на властите налагаат задолжителен карантин.
Поради појавата на неколку случаи, Ренова денеска потврди дека цел тим ќе биде во 14-дневна изолација, откако направениот скрининг покажал дека има голем број директни контакти со заболените.
Клубот кој е со седиште во Тетово го проследи дописот добиен од Санитарниот здравствен инспекторат, во кој се гледа дека до секој поединечно е одредена задложителна изолација во наредните две седмици.
Имињата на заразените фудбалери се уште не се откриени, но оваа ситуација јасно става до знаење дека првенството сигурно нема да продолжи на 14-ти јуни.
-
Репрезентација18 часа
Лазаров: Ова не личеше на меч од СП, не сакам да се правдам, но кога…
-
Светски првенства5 часа
Дански коментатор: Ако ова се повтори, ИХФ треба да ги затвори вратите за македонските фанови
-
Светски првенства16 часа
Рекс: Ова никогаш не сум го доживеал, македонските фанови…
-
Светски првенства17 часа
Кварацхелија позираше со дресот на ПСЖ: Сон е да се биде овде…(ФОТО)
-
Репрезентација21 час
Ристовски и Ангеловски ја бодрат македонската репрезентација во Вараждин
-
Светски првенства19 часа
Митревски: Скандинавците се лесни на свирче, тежок судиски критериум за нас
-
Светски првенства7 часа
Митев: Македонија загуби од Холандија со помош од Данска
-
Репрезентација19 часа
Лазаревски: Најлесно е да се впери прст, прво треба да гледаме во својот двор