Поврзете се со нас

Формула 1

Рено ќе се ребрендира, со ново име и нови бои од следната сезона во Формула 1

Објавено

на

Тимот на Рено во кој од следната сезона ќе вози и двократниот Формула 1 шампион, Фернандо Алонсо, од наредната година ќе воведе уште една голема промена.

Имено, тимот ќе се натпреварува под ново име и нови бои откако денеска од францускиот тим објавија дека ќе се ребрендираат и од следната сезона ќе го носат имет Алпин Ф1 Тим.

Рено претходно потпиша договор со Формула 1 за сигурно натпреварување во шампионатот до 2025 година, но од следната година клубот ќе биде во поинакво светло и освен тоа што ќе има ново име, ќе има и нови бои.

Болидот ќе биде во боите на француското знаме, син, бел и црвен, а досегашните препознатливи бои за рено, црната и жолтата ќе заминат во историјата.

Извршен директор на новата групација ќе биде Лука Де Мео кој ја реорганизира компанијата поставувајќи фокус на клучните брендови, Рено, Дачија, Алпин и Њу Мобилити.

Досегашниот шеф на Рено, Сири Абитебул доби задача, како дел од издигнувањето на тимот, да помогне во реализацијата на проектот за што поуспешен болид кој ќе го носи името „Алпин“.

Брендот Алпин е познат во мотоспортот затоа што низ историјата победувал на култната трка 24 часа Ле Ман, а се натпреварувал и на рели трките. Овој бренд никогаш не се појавил како производител во Формула 1, а следната сезона за нив ќе биде девитантска во најбрзиот мотоциркус на светот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни