Поврзете се со нас

Формула 1

Рено ја повлече жалбата за казната на Рејсинг Поинт

Објавено

на

Формула 1 тимот Рено денеска ја повлекол жалбата на одлуката со која ФИА го казни ривалскиот тим Рејсинг Поинт пред неколку недели.

Рејсинг Поинт беше казнет поради копирање на дел од сопирачките од ланскиот болид на Мерцедес, а за тоа доби парична казна и му беа одземени 15 поени од конструкторскиот пласман.

На оваа одлука се жалеше казнетата страна, а такво нешто најавија уште четири тимови, од кои Мекларен и Вилијамс се повлекоа веднаш, додека по повлекувањето на Рено, останува само жалбата на Ферари.

Неколку дена пред Ф1 викендот во Белгија, Рено го објасни својот потег со желбата контроверзите да бидат оставени во минатото и со задоволството од начинот на кој одговорните ја штитат автентичноста на спортот.

Засега не е јасно дали Ферари и Рејсинг Поинт ќе инсистираат на разгледување на нивните жалби, додека казнетата екипа доби јавна поддршка од Мерцедес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни