Формула 1
Рено го потврди заминувањето на Абитебул

Формула 1 тимот на Рено кој во новата сезона ќе се ребрендира и ќе настапува под името Алпин, денеска го потврди заминувањето на досегашниот тимски шеф Сирил Абитебул.
Францускиот тим веќе го ангажираше поранешниот светски шампион Фернандо Алонсо, кој ќе му биде нов клупски колега на Даниел Рикардо, а Алпин очигледно уште во првата сезона ќе има ново раководство.
Како што веќе најавивме, се очекува најодговорната функција да ја преземе Давиде Бривио, кој интересно доаѓа од Мото ГП, а е познат не само по последната шампионска титула на Сузуки и Жоан Мир, туку и по трофејната соработка со Валентино Роси во Јамаха.
Групацијата Рено која е сопственик на Ф1 тимот засега не објави конкретни имиња поврзани со позициите во идниот тим на Алпин.
Рено последната сезона три пати имаше свој возач на победничкиот подиум и заврши на петтото место во ранкингот на конструкторите.

- Италијапред 21 час
Елмас повторно се поврзува со заминување од Наполи, европски гигант нуди 20 милиони евра за неговите услуги
- Англијапред 20 часа
Лани бараа 70 милиони фунти, годинава ќе го пуштат за многу помалку: Вулверхемптон се ослободува од Траоре
- Шпанијапред 19 часа
Угледната „Марка“ јавува дека Реал доставил краен ултиматум до Серхио Рамос
- Шпанијапред 22 часа
Силесен правеше чуда на „Месталја“, Валенсија се избори за херојски пресврт во дербито (Видео)
- Светски првенствапред 17 часа
Шпекулациите стануваат реалност, Златан Ибрахимовиќ по долг период се враќа во репрезентативниот дрес
- Шпанијапред 19 часа
Куман проговори за својата иднина и дали ќе остане тренер на Барселона: Новиот претседател ќе донесе одлука
- Англијапред 18 часа
Артета со сериозен интерес за фудбалерот кој подолго време е следен од Манчестер Јунајтед
- Шпанијапред 17 часа
Зидан го означи големото дерби против Атлетико како „финале“ и нагласи: Добро е што ќе сметаме на специјален играч