Поврзете се со нас

Конференциска лига

Рен доби победа на зелена маса, Тотенхем е елиминиран од Конференциската лига

Објавено

на

Премиерлигашот Тотенхем и официјално го заврши настапот во европските купови за оваа натпреварувачка 2021/2022.

Клубот од Лондон кој беше дел од новото натпреварување на УЕФА, Конференциската лига доживеаелиминација откако дисциплинците одлучија да му доделат службена победа на Рен за дуелот кој требаше да се одигра на 9 декември.

Имено „петлите“ имаа доста позитивни тестови на коронавирусот по што мечот беше одложен за да сега УЕФА истиот го регистрира со 3-0 за францускиот претставник.

Ова значи дека Тотенхем ќе нема обврски на меѓународната сцена и ќе може максимално да се потврди на домашните обврски, пред се на предизвиците во Премиер лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни