Поврзете се со нас

Италија

Ремзи може да си оди од Јувентус како слободен агент само под еден услов

Објавено

на

Велшкиот репрезентативец и член на Јувентус, Арон Ремзи во јануари би можел да го промени клубот и да заигра во нова фудбалска средина.

Ремзи кој во 2019 година реализираше неочекуван трансфер во редовите на Јувентус откако неговиот договор со Арсенал истече, сега се соочува со повторно менување на клубот затоа што воопшто не се снајде во дресот на клубот од Торино.

Според дел од медиумите во Италија, постои можност Ремзи во јануари да си оди од Јувентус како слободен агент, но само под еден услов.

Условот е неговиот договор да биде спогодбено раскинат, без фудбалерот да бара да биде обесштетен поради тоа што нема да биде испочитуван неговиот договор во целост. Актуелниот договор на Ремзи со Јувентус истекува во 2023 година.

Велшанецот е меѓу најплатените играчи на Јувентус каде заработува по 400.000 евра неделна плата, а во јануари за негов ангажман се интересира Њукасл кој нема да има проблем да му понуди слична плата како таа во Јувентус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни