Поврзете се со нас

Шпанија

Ремито со Кадиз додаде „сол на раната“: Серхи Роберто и Куман се „зајадоа“ со спротивставени ставови

Објавено

на

Пред натпреварот со Кадиз кој се одигра вчеравечер на стадионот „Нуево Мирандилја“, Роналд Куман порача дека ќе биде успех за Барселона доколку заврши меѓу првите екипи на табелата во Примера, изјава која стана посебно актуелна во јавноста по новиот неповолен резултат кој го остварија каталонците.

Ремито со Кадиз со разочарувачки 0:0 додаде „сол на раната“, бидејќи еден од првотимците со најголем стаж во тимот јавно се „зајаде“ со својот тренер и излезе со крајно спротивставен став на споменатата тема.

Серхи Роберто влезе како резерва против Кадиз на стартот на вториот дел, а токму тој јавно го коментираше необичното соопштение кое читаше Куман за време на својата последна прес-конференција пред мечот.

– Ова е Барселона и треба да се бориме за титулата во Ла Лига. На мене не ми важи изреката „да влеземе меѓу првите четири“. Ние сме Барса и нема оправдувања. Мора да го дадеме најдоброто од себе на секој меч. Сметам дека имаме тим кој може да се бори за титулата во Ла Лига, – изјави Серхи Роберто веднаш по мечот, за што доби возвратен одговор подоцна од Куман на пресот.

– Јас неколку пати реков дека треба да се обидеме да победиме на секој меч, секогаш треба да се обидеме да се бориме за титулата. Но, мора да бидеме и реални. Серхи треба убаво да го види тимот со кој располагаме во овој момент, ни недостасуваат многу фудбалери. Ако ги имаме сите на располагање, ќе биде друго. Но, во овој момент, ни недостасуваат седум важни играчи, – возврати Куман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни