Ремито со Аргентина го следеле рекорден број Исланѓани

island-fanovi

Исланд освои голем бод во дуелот со Аргентина на Светското фудбалско првенство во Русија, а покрај на стадионот, оваа репрезентација имала сериозна поддршка и од своите фанови кои го следеле натпреварот преку тв приемниците.

Официјалната статистика од Исланд вели дека мундијалската средба ја следеле 99,6 проценти од сите Исланѓани кои гледале телевизија во периодот додека се играл натпреварот. Останува нејасно што гледале преостанатите 0,4 проценти, но јасно е дека фудбалот бил врвен приоритет и можност за уживање на мнозинството.

Фудбалската репрезентација на Исланд има шанси да влезе во елиминациската фаза на СП, останува да се проследи и каква бројка ќе биде пријавена од земјата за следниот натпревар во групната фаза. Исланд има помалку од 350.000 жители.

Facebook Коментари