Ремили: Голот на Чупиќ ни донесе голема болка

remili

Актуелниот европски ракометен шампион Вардар следниот викенд ќе ја брани титулата на новото издание на фајнл-фор турнирот во Келн, а потенцијален ривал во финалето ќе му биде силниот ПСЖ, кој ќе бара одмазда за ланскиот шокантен пораз во финалето.

Погодокот на Иван Чупиќ во последните секунди го одведе Вардар на европскиот трон, а ПСЖ остана без толку посакуваниот прв трофеј во ЛШ, нешто што членовите на францускиот тим се уште не го заборавиле. Тоа го потврдува и Надил Ремили во својата последна изјава.

– Во тие моменти, тој гол страшно болеше. Секако дека не сме го заборавиле тој момент, но времето има свое влијание, а ние сфативме каде грешевме, – вели Ремили.

Вардар во полуфиналето ќе игра против Монпелје, додека ПСЖ за противник го има Нант, а Ремили знае каква тежина има овој турнир.

– Сметам дека годинава сме повоиграни и тоа се забележува од натпреварите. Сепак, Ф4 турнирот се разликува од претходната фаза, се играат два натпревари во два дена, во друга земја и против најдобрите европски екипи. Она што го сфатив минатата година е дека фајнл-фор турнирот може да биде или остварување на сон или кошмар, нема ништо помеѓу, – потенцира Ремили.

Facebook Коментари