Поврзете се со нас

Англија

Ремек делото на Кавани недоволно за Јунајтед, Лидс и Алиоски имаат загарантиран Топ 10 пласман (ВИДЕО)

Објавено

на

Манчестер Јунајтед ја доби поддршката од своите навивачи на вечерашниот меч против Фулам на „Олд Трафорд“, но и покрај тоа не успеа да ја потврди улогата на фаворит и освои само бод против тимот кој во наредната сезонаќе игра во Чемпионшип лигата.

Кавани во 15 минута со спектакуларен бод донесе водство за Јунајтед на задоволство на сите присутни навивачи на „Театарот на соништата“. Потоа се создадоа неколку шанси за зголемување на предноста, ама истите не беа искористени, па стигна казната на спротивната страна преку Брајaн кој во 76 минута ги постива конечните 1-1.

Џани Алиоски ги одигра сите 90 минути за Лидс Јунајтед во триумфот над Саутемптон од 2-0. Бамфорд и Робертс беа стрелци на погодоците во вториот дел со што избраниците на Биелса дефинитивно ќе ја завршат сезоната во првата десетка на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни