Поврзете се со нас

Лига на нации

Ремек-делото на Барди го скрши бедемот на Ерменија, Македонија победи со 10 играчи на теренот! (Видео)

Објавено

на

Македонија покажа далеку подобра и поофанзивна игра од натпреварот со Фарски Острови пред неколку дена, па таквиот пристап се покажа како победнички и покрај фактот што нашиот тим го играше цело второ полувреме против Ерменија со играч помалку.

Избраниците на Благоја Милевски не ги искористија своите шанси во првите 45 минути и покрај тоа што беа далеку подобар тим на теренот, но најзрелата прилика дефинитивно ја имаше Елиф Елмас по несебичното додавање од Енис Барди.

Од овој период, за жал за издвојување беше и брзата повреда на Дарко Чурлинов кој излезе уште во 2-та минута, но и црвениот картон на Ѓоко Зајков поради приговор пред крајот на полувремето.

Стоперот доби втор жолт картон и беше испратен на предвремено туширање, а оваа престрога одлука на Харм Осмерс само дополнително ги мотивираше нашите фудбалери, кои одиграа херојско и извонредно второ полувреме.

Со 10 играчи на теренот, македонскиот тим изгледаше како единствен кој ги сака трите бода на овој натпревар, а главната разлика ја направи Енис Барди кој режираше ремек-дело од слободен удар во 70-та минута.

Мајсторијата на капитенот им даде дополнителен полет на нашите фудбалери и во продолжение се осоколија уште неколку фудбалери, со тоа што Бојан Миовски се снајде најдобро по една соло акција во која погоди за 2:0 и победа на Македонија.

Македонија на овој начин ја забележа првата победа во второто коло во Лигата на нации, па веќе е прва на табелата со четири освоени бода.

Бравурата на Барди погледнете ја ТУКА

Голот на Миовски погледнете го ТУКА 

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни