Поврзете се со нас

Шпанија

Ремек-делото на Алаба од слободен удар има своја позадина: Анчелоти и неговиот син одиграа клучен потег (Видео)

Објавено

на

Реал Мадрид направи пресврт против Алмерија и ги освои првите три бода во новата сезона, доста потешко од тоа што се очекуваше и најавуваше пред воведното коло во Ла Лига.

Повратникот во Примера поведе со голот на Рамазани и го предизвика шпанскиот и европски шампион, кој во продолжение направи пресврт со два гола во второто полувреме.

Оној победничкиот на Давид Алаба беше вистинско ремек-дело, кое Австриецот го режираше со својот прв допир со топката. Дефанзивецот влезе во игра и одма истрча до местото кадешто беше направен прекршок над Модриќ, по што испрати спектакуларен и неодбранлив удар за 1:2.

Во цела оваа ситуација, интересно е тоа што Карло Анчелоти и неговиот син Давиде инсистираа побрзо да се направи измената, односно пред да се изведе слободниот удар, а тоа се покажа како полн погодок.

– Во принцип, требаше да изведат тие кои се на теренот, Бензема или Тони Крос. Но, влезе Давид, а тој ги шутира многу добро од таа страна. Мојот син Давиде побара да се направи замената побрзо од предвиденото. Не беше баш лесно, бидејќи Алаба влезе и им кажа на Бензема и Тони дека нема да шутираат, – со насмевка открил Анчелоти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни