Поврзете се со нас

Шпанија

Ремек дело за историја: Јамал стана најмладиот стрелец во историјата на ЕП (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/SEFutbol

Шпанија и Франција се надигруваат во првото полуфинале на Европското првенство, но што и да се случи до крајот веќе е испишана нова историја во Минхен и воопшто на овие турнири.

За тоа се погрижи бисерот на Барселона, Ламин Јамал кој со погодокот во 21 минута стана најмладиот стрелец во историјата на европските шампионати.

Тинејџерот изведе магија, ремек дело и мајсторски ја затресе мрежата на „триколорите“ за 1-1 во тој момент. Со 16 години, 11 месеци и 26 дена Ламин испиша нова страница, рекорд кој тешко ќе биде соборен во иднина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни