Поврзете се со нас

АТП

Ремек-дело во Белград: Андреј Јосифовски го нацрта Ѓоковиќ на цел тениски терен (Видео)

Објавено

на

Во период кога Новак Ѓоковиќ доби безброј критики од различни страни ширум светот за организирањето на „Адрија турот“ кој заврши неславно, познатиот стрит артист и архитект од Белград одлучи да му изрази поддршка така што го направи најголемиот портрет од светскиот рекет број еден и воедно прв на земјена подлога на тениски терен.

Прочуениот артист од Белград, Андреј Јосифовски изработи ремек-дело во чест на светскиот рекет број еден, кое експресно стана вистински хит кај нашиот северен сосед.

Популарниот „Пијанист“ со изработката на фантастичниот портрет му изрази поддршка на тенисерот кој се најде на удар од Западот, а при објаснувањето на своето дело откри дека за истото му биле потребни активни шест часа работа.

– Новак е човек кој има посебен сјај, тој ги прикажува нашите сништа и е мотивација на секој нас од тука. Тешко е да се најдат правилните зборови за да се опише. Затоа ќе го цитирам Срѓан Тимаров кој го рече следното за Новак: „Сите вие кои немате дар да ја согледате неговата светлост, ќе останете таму во мракот во негова сенка“. Тоа е Ѓоковиќ, – вели Јосифовски.

Инаку, портретот кој го направи „Пијанистот“ е долг 24 метри, широк 11 метри и се простира на 264 квадратни метри на теренот во предградието „Бежаниска коса“ во Белград.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни