Поврзете се со нас

Германија

Ремек дело на Џака, Леверкузен го грабна и пехарот во Купот на Германија (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/bayer04fussball

Фудбалерите на Баер Леверкузен ја потврдија перфектната сезона во Германија со освојување на Куп трофејот.

Во завршниот меч во ова натпреварување, „фармацевтите“ ја оправдаа фаворитската улога и славеа над второлигашот Кајзерслаутерн со минимални 1-0.

Ова меч за Леверкузен дојде до разочарувачкото финале со Аталанта во Лига Европа, но избраниците на Чаби Алонсо пронајдоа сили, енергија и се изборија за триумф во Берлин иако од финишот на првото полувреме играа со играч помалку по исклучувањето на Косону.

Клучниот момент на средбата се случи во 16 минута кога Џака постигна страшен гол од голема далечина.

Леверкузен ја заокружи оваа историска сезона со два трофеи и само еден пораз (од Аталанта) што е неверојатен учинок на тимот од „Бај Арена“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни