Поврзете се со нас

Англија

Ремек-дело на Арнолд на „Енфилд“, Киеза конечно го скрши мразот и постигна гол за Ливерпул (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/LFC

Ливерпул без проблеми ја мина својата воведна рунда во англискиот ФА Куп, натпреварување во кое лидерот во Премиер лигата тргна фуриозно како што се очекуваше.

Во еден натпревар во кој не наиде на посериозен отпор од Акрингтон, Арне Слот реши да им даде шанса на играчи кои обично се во втор план, но сепак имаше и по некој сигурен стартер во почетните 11.

Еден од нив беше Трент Александер Арнолд кој режираше ремек-дело на „Енфилд Роуд“ за предност од 2:0, откако претходно првиот гол за фаворитот го постигна Диого Жота.

Ливерпул во најголем дел од второто полувреме играше резервирано и без проблеми ја одржуваше предноста, но во финишот постигна уште два погодоци, од кои еден беше на Федерико Киеза.

Младиот Данс погоди за 3:0 во 76-та минута, додека Италијанецот конечно го дочека својот премиерен гол за Ливерпул и ги постави конечните 4:0 во 90-та минута.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни